Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција.
Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и до еден час за да ја поминат границата од грчката страна.
Дополнително, патувањето кон грчките летни дестинации оваа сезона го отежнуваат и градежните активности кај обиколницата кај Солун, пришто патниците раскажуваат дека целото патување се продолжува дури и за неколку часа.
Гужвите се очекува дополнително да ескалираат во екот на сезоната.