Голем пожар на отворено избувна денеска близу археолошкиот локалитет „Исарот“, веднаш над селото Марвинци во Општина Валандово.
Постои опасност да се прошири кон селото, а во близина на пожарот има штали. Како што информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот зафатил сува трева и прнар, на терен го гаснат три против пожарни возила и 8 пожарникари, а на помош се повикани и пожарникари од ТППЕ Гевгелија со едно против пожарно возило.
На територијата на Општина Валандово има уште еден активен пожар во селото Чалаклија, а вчера имало пожар меѓу селата Пирава и Јосифово.