Го нема намалувањето на функционерските плати оти министерот Азир Алиу не бил во државава деновиве, рече Битиќи

Го-нема-намалувањето-на-функционерските-плати-оти-министерот-Азир-Алиу.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи до крајот на неделава очекува да биде готово предлог – решението што треба да ги намали платите на функционерите. Објасни дека предлогот се уште не е готов оти не бил тука министерот за информатичко општество.


„Предлогот сè уште не е готов, министерот за информатичко општество не беше во државата овие денови. Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на месецот ноември затоа што секако ќе изискува законски измени кои понатаму треба да поминат во Собрание“, рече вицепремиерот Битиќи.

Минатата недела пак, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска рече дека решение за намалување на платите на функционерите ќе се одбере до крајот на годината.

Пари за зголемените функционерски плати не се испланирани во буџетот за 2024 година кој изнесува 5,5 милијарди денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK