Ѓорѓиевски на логорување, спорт, скара и возење кајак со дечињата кои бесплатно заминаа на камп

orce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

​Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчеравечер ги посетил дечињата од општина Кисела Вода кои бесплатно летуваат во детското одморалиште „Радости”. Заедно логоруваа, возеа кајак, спортуваа, правеа скара и се дружеа.


Градоначалникот и се заблагодарил на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и кои одвоија од своето време да се дружат со дечињата на бесплатниот спортскиот камп организиран од Општина Кисела Вода.

„Каква прекрасна вечер!Вечерва во Охрид ги посетив моите другарчиња кои бесплатно летуваат во детското одморалиште Радости. Логорувавме, правевме скара, многу се забавувавме, возевме кајак, спортувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење, незаборавни спомени и вечни пријателства. Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас – ја имав таа чест во прво лице! Се договоривме на следна дружба наредната година, на следно летување и уште помасовно, со уште повеќе дружење и, како што беше нивното барање – да ги дружам цело време. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа. Ова е она за кое се бориме, детската радост. Огромно благодарам до менаџментот на детското одморалиште Радости за професионалниот однос, за одличниот пречек и грижата за нашите дечиња.  Благодарам и на легендарната судиска двојка Начевски и Николов кои судеа на ОИ во Париз и одвоија од своето време да се дружат со дечињата. Дечки, се гледаме повторно догодина“, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK