Гир: Од вашите политички чинители зависат следните чекори кон евроинтеграциите

Гир-Од-вашите-политички-чинители-зависат-следните-чекори-кон-евроинтеграциите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека Северна Македонија има многу силна поддршка за европската иднина и од институциите на ЕУ но и од земјите членки на ЕУ.



Гир изрази надеж дека земјата ќе се придвижи напред со усвојување на уставните измени и со спроведување на реформите.

„Како што знаете со последната одлука што беше донесена во јули 2022 година имаше еден европски предлог што беше усогласен и всушност беше можност за отворање на пристапните преговори со вашата земја. Од друга страна, ова беше можност земјата да се придвижи напред и се разбира за да се придвижи треба да се усвојат уставните измени. Навистина искрено се надеваме дека земјата ќе може да се придвижи напред со усвојување на уставните измени, исто и со спроведување на реформите што всушност се дел на европскиот интегративен пат на вашата земја. Што се однесува на следните чекори, се разбира дека тие се одлуки коишто треба да се носат од страна на вашата земја, на политичките чинители, не е на Советот на ЕУ, ниту од земјите членки на ЕУ, изјави Гир кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерт за европски прашања Бојан Маричиќ беше во посетата на компанија во Скопје.

Прашан за коментар за застарувањето на делото од предметот „Таргет тврдина“ тој рече дека не може да коментира.

Нагласи дека ставот на Европската комисија во однос на измените на Кривичниот законик е јасен и не е сменет.

Потсети дека ЕК претходно изрази длабока загриженост во врска со импликациите што ги има принципот на неказнивост поради измените на Кривичниот законик, како и употребата на европското знаменце при нивното носење.

„Мислам дека ставот на ЕК е многу јасен. Нејзиниот став не е сменет. Се разбира, од наша страна ние можеме да кажеме само дека одблиску ги следиме сите случувања коишто се поврзани со судството, се разбира и сите измени или последици коишто произлегуваат од измените на Кривичниот законик. Ќе излеземе со нови оценки, со нови коментари во врска со понатамошни можни идни развои на ситуацијата“, кажа Гир.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK