Герасимовски во „Соседска патрола“ со наставници, родители и претставници на МВР кај младите во Градскиот парк

Sosedska-patrola-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски синоќа заедно со родители, наставници и претставници на Министерството за внатрешни работи и СВР Скопје беше во „Соседска патрола“ кај младите во Градскиот парк. Патролата е дел од кампањата на МВР и истата е насочена кон децата, нивната безбедност и среќа, велат од општина Центар.


На средбата Герасимовски потенцираше дека желбите на сите родители се исти, а тоа се среќни, безбедни и безгрижни затоа посочи тој, дека како родител и функционер има поголема обврска да вложи максимални и лични напори во соработка со институциите тоа да биде исполнето.

„Верувам дека настанот што се случи во Белград сите нè стаписа и нè исплаши, затоа приоритет треба да ни биде превенцијата и следење на промените во развојот на нашите деца. Мислам дека од сите можни сфери и од сите можни аспекти треба да преземаме мерки за однесувањето, размислувањето и постапувањето на нашите деца во училиштето, надвор со другарите и другарките. Семејството е основното јадро што треба да го трасира вистинскиот пат по кој треба да се движат нашите деца. Вториот елемент е образовната институција, а можам да ве уверам дека нашите основни училишта интензивно работат на програми, обуки и работилници во кои активно ќе бидеме вклучени сите за ним да им обезбедиме весело детство, а нам спокојни денови“, истакна Герасимовски.

Притоа Герасимовски потсетувајќи на пролетните тепачки во општината упати апел до децата да внимаваат да однесувањето, да ги вреднуваат позитивните дружби и да не учествуваат ниту практикуваат девијантно и хулиганско однесување. На угостителите Герасимовски им порача да ги почитуваат законските норми и на малолетниците да ги послужуваат само со сок, а на родителите да не замижуваат при евентуални проблеми затоа што тие може да се решат доколку се реагира навреме во спротивно може да станат трагедија, соопшти општина Центар.

„Блискоста, отворениот разговор преку укажување на грешките како и квалитетните семејни односи градат успешни и здрави генерации“, порача Герасимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK