Герасимовски: Ги покануваме граѓаните на буџетски форуми за заедно да го унапредиме животот во Центар

Герасимовски-Ги-покануваме-граѓаните-на-буџетски-форуми-за-заедно-да.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинската администрација ги покануваат граѓаните на расправа за буџетските форуми за 2024 година која ќе се одржи во среда на 8 ноември во ОOУ „Ј.Х. Песталоци“ од 18ч. Овие форуми овозможуваат граѓанско партиципативно учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови.


„Ги поканувамe граѓаните да земат учество на граѓанските форуми со цел заеднички да ги креираме програмите и проектите со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. За нас е особено важен нивниот придонес како и нивните потреби. Затоа е важно да продускутираме и добиеме предлози, да ги слушнеме секторите и дел од овие предлози ги преточиме во проекти и ги планираме во буџетот за следната година“, вели Герасимовски.

На овие буџетски форуми градоначалникот Герасимовски ќе ги претстави капиталните проекти за следната година и проектите на кои општинската администрација работеше во изминатите две години. Општина Центар продолжува да гради блиски и лични средби со граѓаните со цел граѓаните да добијат проекти, кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK