­

Гаши, Меџити и Фетаи се сретнаа со албанскиот претседател, Бајрам Бегај


begaj.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денес во Скопје, заедно со претседателот на Собранието, Африм Гаши, и првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, имаше средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.


За време на средбата се разговараше за зајакнување на соработката меѓу Албанија и Северна Македонија во рамките на процесот на интеграција во Европската Унија, како и за други прашања од заемен интерес.

„Главните теми на разговорот беа Коридорот VIII, безбедноста, претстојната посета на претседателот Бегај на Северна Македонија и најновите политички случувања во нашата земја“, напиша Фетаи на својот профил на Фејсбук.

Тој оцени дека соработката меѓу Северна Македонија и Албанија е клучна за стабилноста и просперитетот на регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK