Гаши ја повтори недвосмислената поддршка за Украина во Рига

thumbnail_1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На маргините на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари билатерална средба со својот хомолог, претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук. На средбата присуствуваше и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.


Гаши истакна дека Собранието на Република Северна Македонија по трет пат е претставено на највисоко ниво на парламентарните самити на Меѓународната кримска платформа, што е јасен показател на нашата посветеност кон овој форум, како и цврстата поддршка за Украина, на секое поле.  Соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Врховната Рада на Украина, како на билатерален, така и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија бележи значителен напредок изминативе години. Во овој контекст од особено значење се и бројните активности на пратеничките групи за соработка и пријателство од двата парламенти. Во 2021 година, Делегацијата од Групата за пријателство Украина – Северна Македонија беше првата странска делегација што го посети нашето Собрание по пандемијата.

Гаши ја нагласи недвосмислената и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинските институции и украинскиот народ во, како што рече, бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија на Русија врз Украина и во борбата против агресорот, што истовремено претставува борба за демократските вредности и заштита на меѓународниот поредок.

Претседателот Стефанчук искажа благодарност за постојаната поддршка на секое ниво и формат која нашата држава и ја пружа на Украина. Сите сакаат оваа војна да заврши, но важно е и како ќе заврши војната. Претседателот Стефанчук нагласи дека на Украина во моментов и се повеќе од потребни поддржувачи и гласноговорници на сите меѓународни форуми особено земји – членки на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK