Гаши и Ѓокташ: Заеднички заложби за зајакнување на семејството


gashi-gjoktash3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска, претседателот на Собранието, Африм Гаши остави средба со министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ.


Претседателот Гаши изрази големо задоволство за можност да се сретне со министерката Ѓокташ и да разговараат за семејните вредности како цивилизациска определба. Тој истакна дека социјалната политика и прашањата поврзани со заштитата и зајакнувањето на семејството имаат развиено широк спектар на политики и услуги насочени кон семејствата, жените, децата, лицата со попреченост, старите лица и другите ранливи категории. Нашата земја е подготвена за размена на искуства и добри практики со Турција во овие области, особено во делот на развојот на достапни и квалитетни социјални услуги во заедницата.

Тој изрази уверување дека парламентарната дипломатија може да одигра значајна улога во дополнителното зајакнување на билатерални односи и да отвори простор за нови форми на институционална соработка меѓу двете земји.

Министерката Ѓокташ истакна дека Република Северна Македонија и Република Турција негуваат силно традиционално пријателство и партнерство и имаат длабоко вкоренети историски и културни врски. Истакна дека Турција следните десет година ги прогласила за Деценија на семејството и населението со фокус кон зајакнување и заштита на семејството и децата, поттикнување на бракот, особено кај младите како и зголемување на наталитетот и поддршка за родителите.

Двајцата соговорници се согласија дека е потребна поголема заштита и зајакнувањето на семејството и семејните вредности, имајќи предвид дека станува збор за области од големо значење за двете општества. Потребна е поголема соработката на сите нивоа, со оглед на тоа што одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво значајно придонесува за унапредување на севкупните односи меѓу двете земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK