Гаши: Гордо и радо ќе ја почитувам одлуката на мнозинството, интерпелацијата е прва точка на дневен ред во вторник

Gashi-so-aerodromot.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Собранието Африм Гаши е уверен дека мнозинството во Собранието во вторник, кога ќе биде на дневен ред неговата интерпелација ќе донесе праведна одлука. Тој и денес повтори дека со инцидентот на аеродромот, кој е причина за интерпелацијата поднесена од политичката партија Левица, сакал да спречи поголем инцидент.

„Како што јавноста знае поднесена е интерпелација, веднаш на првата седница ја свикуваме, тоа ќе биде првата точка. Мене ќе ми биде мило што ќе се расправа и ќе се објасни пред јавноста за наводите кои се поднесени во таа интерпелација. Се што е во рамки на Деловник и во рамки на демократичност во Собранието, јас го почитувам, било тоа да се однесува на институцијата претседател на Собрание или кого било. Ќе бидеме отворени кон секоја иницијатива, ќе го почитуваме Деловникот и се надевам дека на трети ќе има соочување на аргументи и после пленумот ќе одлучи. Како ќе одлучат тие, така ќе постапиме. Јас верувам дека мнозинството ќе донесе најправедна одлука. Таа, онаква каква што ќе биде, јас ќе ја почитувам гордо и радо“, рече денес Гаши.

За него веќе исцрпена е темата  за инцидентот на аеродромот и очекува МВР да постапи соодветно против лицата кои ги пречекориле овластувањата.

„Имаше соопштенија, делувања и на МВР така да веќе се е јасно само можам да кажам, од морален аспект, мислам дека јас лично и обезбедувањето избегнавме инцидент кој можеше да има поголеми последици. Јас се радувам што се заврши како што треба. За тие луѓе кои ги пречекориле своите овластувања МВР ќе си постапи како што е Закон и како што треба. Само да ви кажам дека секогаш кога ќе треба да се зближува, да се смирува ситуацијата, јас ќе настапувам и секогаш ќе бидам тука да бидам за доброто на граѓаните, да нема конфликти, да нема инциденти и да нема поголеми последици. Засега тоа е добро што така заврши, очекувам и посакувам никогаш да не му се случи на никого таков инцидент“, вели Гаши.

Неговото обезбедување извади пиштол и се закануваше на аеродромските работници во обид да овозможи претседателката на Косово Вјоса Османи без да ги помине безбедносните проверки да се качи во авионот на комерцијален лет.

Освен инцидентот на аеродромот, Левица му замери на Гаши и што замина на свадба во Косово со службен автомобил и обезбедувањето и за приватни потреби го блокираше граничниот премин. Од партијата рекоа дека тоа е причина плус интерпелацијата да биде изгласана во вторник. Гаши, пак, и за овој инцидент вели дека нема вина туку дека постапувал законски кога заминал на свадба со обезбедување и службен автомобил оти законот му налагал 24 часа да има обезбедување, без ни малку приватност.

Премиерот Христијан Мицкоски мината недела се изјасни дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши оти нема причина за тоа, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера рече дека ќе прави консултации во партијата пред да го каже ставот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK