Гаши-Бас: Поддршка ид Бундестагот на патот за членство во ЕУ

thumbnail_1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателката на Бундестагот на Сојузна Република Германија, Бербел Бас.


На средбата присуствуваше и нашиот резидентен амбасадор, Илбер Села и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Поздравувајќи го својот колега со топло добредојде, претседателката Бас ја искажа нејзината лична посветеност, но и посветеноста на пратениците во Бундестагот да се вложат за напредок на нашата земја на патот кон Европската Унија. Изрази почит и пофалби за досегашните успеси и преземени чекори на Република Северна Македонија на овој пат.

„Вашата земја е пример за успешно мултиетничко општество во целиот регион, нешто што е посебно вреднувано од Германија“, потенцираше Бас.

Претседателката Бас, потенцираше дека поканувањето на претседателката на Европската Унија, Урсула фон дер Лајер, на Самитот во Берлин е уште една потврда за германската визија за регионот и извесната европска перспектива на земјите учеснички во овој процес.

Претседателот Гаши изрази особено задоволство за одржувањето на средбата и за поддршката која како држава и Собрание ја добиваме во изминатите децении од германските политичари, институции, бизнисмени и граѓани. Беше упатена благодарност за Резолуцијата на Бундестагот, особено признанието на македонската посебност, не само како признание на македонскиот идентитет, туку како гест на почитување на оваа универзална и цивилизациска придобивка. Ја пренесе одлучноста на новата влада и Собрание по одржувањето на парламентарните избори за продолжување на процесот на евроинтеграции и спроведување на неопходните реформи во клучните области детектирани од Европската комисија. Посебен акцент стави на парламентарната соработка и динамиката на средби на сите нивоа и актуелно, експертизата на Бундестагот за независно парламентарно обезбедување.

Двајцата соговорници беа согласни дека во време на заканувачки предизвици, потребно е поголемо обединување на парламентите во нивната одбрана на демократијата, човековите права, транспаретноста, отвореноста и обезбедувањето на точни информации до граѓаните. Беше констатирано дека тековната соработка треба да продолжи, но и да се отпочне во нови области кои добиваат на значење, како што се обезбедувањето добри законски решенија на поле на енергетиката, користењето на алтернативни и онбовливи извори на енергеија, како и заштитата на животната средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK