„Гардијан“: Северна Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа

„Гардијан-Северна-Македонија-и-Србија-имаат-најзагаден-воздух-во-Европа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европа се соочува со „голема јавно здравствена криза“, бидејќи речиси сите Европејци живеат во области со опасни нивоа на загаденост на воздухот, покажува истражувањето на британски „Гардијан“.


Анализата на податоците, собрани со најсовремена методологија, покажале дека 98 отсто од луѓето во Европа живеат во области кои се загадени со многу штетни фини честички и далеку над границата поставена од Светската здравствена организација (СЗО).

Речиси две третини од Европејците живеат во области каде загаденоста на воздухот е повеќе од двапати од дозволената граница, пренесува „Хина“.

Најтешко погодена европска земја е Северна Македонија, а потоа Србија.

Во двете земји, повеќе од половина од населението живее во области каде што загаденоста на воздухот е четири пати поголема од препорачаната.

Србија е една од седумте земји во Источна Европа, заедно со Северна Македонија, Романија, Албанија, Полска, Словачка и Унгарија, каде речиси сите жители живеат во области со најмалку двојно поголемо ниво на загаденост.

Ситуацијата во Источна Европа е многу потешка отколку во Западна Европа.

Исклучок е Италија, каде повеќе од една третина од населението во долината По и околните области дише воздух кој е четири пати позагаден од препорачаното.

Истражувањето на „Гардијан“ се однесува на ситните честички ПМ2.5, кои главно се создаваат со согорување на фосилни горива, а можат да навлезат во белите дробови и крвотокот и да влијаат на речиси секој орган во телото.

Според упатствата на СЗО, просечната годишна концентрација на ПМ2,5 честички не треба да надминува пет микрограми на метар квадратен.

Истражувањето покажа дека само два отсто од европската популација живее во области со дозволена концентрација на овие честички.

Експертите предупредуваат дека загадувањето на воздухот со ПМ2.5 честички предизвикува околу 400.000 смртни случаи годишно во Европа.

Во Шведска нема област каде што концентрацијата на ПМ2,5 честичките е повеќе од двојно поголема од границата на СЗО, додека некои региони на северот на Шкотска се меѓу ретките во Европа каде загадувањето е во дозволените граници, пренесува Ал Џезира.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK