Смртоносна бактерија „птичји грип“ е најдена во зоолошка градина Скопје, објави поранешниот директор, Ѓорѓи Галетановски.
Во објавата тој вели дека во моментов Зоолошка е затворена, посетителите се евакуирани, а инспектори се веќе влезени.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков во свој пост на Фејсбук пишува: „Скопје ЗОО од утрово е затворена за посетители! Истото тоа е по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство под сомнение за опасни вируси! Во моментов инспектори и доктори по ветерина се внатре со скафандери и работат на утврдувањето. Повеќе детали официјално чекаме од АХВ и Град Скопје.
Засега нема официјално соопштение од Скопје ЗОО дали ваквите наводи кои се споделуваат на социјалните мрежи се точни.
Повеќе детали наскоро…