„Започнување на дијалог со здруженијата на пациенти е приоритет на Фондот за здравствено осигурување. Во текот на вчерашниот ден од страна на Граѓанскиот ресурсен центар беше организирана средба со 20тина здруженија на пациенти. Беа отворени теми за проблемите со кои се соочуваат пациентите како што се снабдување со лекови и достапност на услугите“, велат од ФЗО.
Од страна на директорот на ФЗО, Сашо Клековски беше посочено дека важно ни е да се отвори канал на комуникација со пациентите за да може здравствениот систем да биде поефикасен и подобар.
„Само со транспарент однос може да се гради доверба, да се решаваат наталожените проблеми и да има резултати“, истака Клековски на состанокот.
„Граѓанските здружение на пациенти дадода предлози за да се подобри достапноста на здравствените услуги кои се однесуваат на делот онкологија, бубрежни заболувања, ретките болести. Се отворија теми за проблемите со породилни отсуства на жени што се занимаваат со земјоделство, проблеми со здравствено осигурување на затвореници, како и потребата од ревизија на позитивната листа на лекови и специфични предлози за начинот на набавки на лекови“, велат од ФЗО.