Присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје не укажува дека односот на Западот кон Москва е променет, изјави портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре, пренесува ТАСС.
Русија се уште е членка на ОБСЕ и други организации, рече Лежандре, додавајќи дека присуството на Лавров не укажува на тоа дека Западот се откажува од обидите да ја изолира Москва. Таа потсети дека значителен дел од членките на ОБСЕ ги осудуваат руските акции во Украина.
Претходно портпаролката на руското МНР Марија Захарова изјави дека многу земји поднеле барања за билатерални средби со Лавров на маргините на министерскиот состанок на Советот на ОБСЕ во Македонија.