(Фото) Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести го пречека швајцарскиот претседател Пармелан


svajcarija3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека швајцарскиот претседател Ги Пармелан, кој денеска престојува во официјална посета на земјава.


Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на швајцарската делегација.

Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, при што тридецениската соработка се оцени како пријателска и плодна.

„Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот претседател за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција, како и за бројните и вредни донации во клучни области како што се: владеењето на правото, зајакнувањето на демократските институции, транзицијата кон зелена и обновлива енергија и заштитата на природните ресурси, особено на водата“, соопштија од претседателскиот кабинат.

Таа изрази задоволство од реализацијата на оваа прва историска официјална посета на швајцарски претседател на земјава, со којашто се потврди партнерството меѓу двете држави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK