Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со министерот на МВР Панче Тошковски, изврши обиколака и увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зелени Град (којшто е во реон на Општина Пробиштип) од височините од кај „Поникава“ на Осоговските Планини.
При теренскиот увид на пожарите на отворено во Осоговските лланини, согласно големата фронтова линија на пожарот, беше евидентана благодарноста до сите ангажирани за гаснење на пожарите во нашата држава: до пожарникарите, доброволните ПП друштва и доброволците, мештаните, а и домашните воздухопловни сили на ДЗС и МВР, а секако и до помагателите за и од земја и од воздух пристигнати ПП сили од земјите на Европската Унија, како и до сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст.
Инаку, постојаната координација и комуникација со нашите пријатели од странство се остварува преку координација ЦУК, со цел обезбедување дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза, согласно специфичноста и можностите на ситуацијата.
Променливото време, денеска донесе некаде дожд, но ретко на просторот каде што се планинските пожари на отворено. Голема благодарност до медиумите коишто правовремено објавуваат информации коишто на граѓаните им овозможуваат пожирока достапност на повеќето важни информации за пожарите на отворено.