Невреме го зафати попладнево Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри а се чистат и сливниците.
„По силното невреме проследено со силен ветер кое ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН и ТППЕ Кавадарци. Се работи на расчистување на улиците од дрвја, паднати канделабри, се чистат сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици“, напиша Јанчев на социјалните мрежи.
Се очекува, како што најави тој, до вечер сите улици да бидат проодни и функционални.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека за било каков проблем, можат да се јават во Кол центарот на општината на бројот 13-300“, информира градоначалникот на Кавадарци.