На булеварот Партизански одреди во Скопје веќе се собираат луѓе за протестот кој е најавен за во 17 часот.
Дел од граѓаните отидоа да запалат свеќи и да остават цвеќе пред фотографијата на младата Фросина.
Долж тротоарот се собира толпа луѓе.
Забележливо е и засилено полициско присуство.
Протестот ќе почне пред Универзалната сала, а потоа насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.
Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:
1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.