Благодарници и подароци добија храбрите пилоти од регионот кои нѝ помагаат при гасење на пожарите.
На храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора, кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија.
Под објавата на Фејсбук се редат еден куп позитивни, но и емотивни коментари од граѓаните кои искажуваат благодарност.
„Од предходните директори само Стојанче треба остане на истата функција!“, „Браво секоја чест за сите само напред“, „Ви благодариме добри луѓе!“ се само дел од десетиците коментари.