Финансиската полиција за акцијата „Синџир“: 30-дневен притвор за организаторот на злосторничкото здружување

Финансиската-полиција-за-акцијата-„Синџир-30-дневен-притвор-за-организаторот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на првопријавениот во акцијата „Синџир“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму велат дека првопријавениот е еден од организаторите на злосторничкото здружување.


Оваа недела Управата за финансиска полиција спроведе акција во повеќе градови низ државата, која акција е резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. Уапсени беа 20 лица, по шестмина се трагаше, а истрага има за 28 фирми за злосторничко здружување, даночно затајување и перење пари.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK