Филков се сретна со претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој: разменети мислења за досегашната соработка меѓу Министерството за правда со УНХЦР

0-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Игор Филков го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој.


Како што соопшти Министерството за правда, на средбата биле разменети мислења и информации за досегашната соработка на Министерството за правда со УНХЦР, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.

Договорено е во наредниот период да се преземат заеднички активности, да се посети Прифатниот транзитен центар во Гевгелија со цел да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите/бегалците до постапката за признавање на правото на азил.

Габриел Гуалано де Годој изрази благодарност за заложбите на Министерството за правда за поддршката и коордирањето на процесот за системско и трајно решавање на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица во нашата држава кои беа неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени со што станавме прва земја во Европа и втора во светот што го реши проблемот со неевидентирани лица.

Билатералната соработка и реализацијата на проектите ќе продолжат и во наредниот период, соопшти Министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK