Филипче, Васев и Нухи одговорни во случајот со Онкологија, Мизрахи достави заклучоци за политичка одговорност на владини и здравствени функционери

Филипче-Васев-и-Нухи-одговорни-во-случајот-со-Онкологија-Мизрахи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија утврди политична одговорност кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, екс медицинскиот директор на Онкологија, Нино Васев, Нехат Нухи – поранешен организационен директор на УКРО, кај поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова, како и кај екс директорите на ФЗОМ Стево Крстевски и Фатон Ахмети.



За ова, преку фејсбук статус информираше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Претседателката на Анкетната комисија за скандалот со онкологија, Рашела Мизрахи, достави заклучоци за политичка одговорност на владини и здравствени функционери, заради непостапување согласно законските надлежности, а на штета на здравствениот систем и многу пациенти на Клиниката за онкологија: Венко Филипче, министер за здравство во периодот од декември 2017 до јануари 2022 година, Нино Васев, медицински директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од јуни 2017 година до ноември 2022 година, Нехат Нухи, организационен директор на Универзитетската клиника за онкологија во периодот од 2021 до април 2023 година, Ирина Сотирова Бухова, директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 2017 до август 2022 година, Стево Крстевски, директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од ноември 2020 до април 2022 година, Фатон Ахмети, втор директор на Фондот за здравствено осигурување во периодот од октомври 2020 година август 2023 година“, пишува Милошоски.

Одговорноста според заклучоците, била утврдена заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, како и прекршување на позитивни прописи од подзаконските акти со кои се уредуваат организацијата, работењето и контролата на здравствените установи.

Според претседателка на Анкетната комисија, која објаснувајќи ги заклучоците, клучниот документ кој ги утврдува неправилностите во работата на Клиниката за онкологија е извештајот на Државниот завод за ревизија за 2021 година. Извештај, за кој, како што е посочено, ДЗР како овластена институција јавно го објавила во април 2023 година, а кој уште во текот на изготвувањето им бил претставен на раководните лица во Министерството за здравство, како и директорите во ЈЗУ Клиника за радиотерапија и онкологија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK