Филипче: На чело си ја напишавте корупцијата со носење на Законот за кредит по скратена постапка

filipce-pratenici.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Предлог законот, што веќе влезе во собраниска процедура во скратена постапка, и со кој Владата на ДПМНЕ ќе ги задолжи граѓаните со 500 милиони евра кај Унгарската експорт – импорт банка е одлука без преседан. Во услови кога за прв пат државата се задолжува директно кај друга држава, кога не постојат јасни критериуми и механизми за распределба на позајмените пари“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче, на прес-конференцијата заедно со пратеничката група на СДСМ и коалицијата.


„Kога не постои јасно утврден систем за контрола на трошењето на парите. Kога нема јасни одредби во законот кои тоа го гарантираат, кога има точки каде се кријат скриени трошоци кои не се јасно изразени за нас како СДСМ е недозволиво и крајно неодговорно да се носи овој закон во скратена постапка.

Со носење на овој Закон во скратена постапка целта на Владата е јавноста и граѓаните да бидат лишени од можноста детално да слушнат што се крие зад ова задолжување. ВМРО-ДПМНЕ го скрати правото на дебата и вклчување на експертската јавност во процесот на носење на самиот закон.

Ова јасно упатува на заклучок дека Владата има многу што да скрие во овој закон.

Сите овие постапки го потврдуваат ставот кој јас лично и СДСМ го кажавме по однос на ова задолжување, а тоа е дека е коруптивно и ја носи државата во должничко и политичко заложништво на Унгарија.

Самиот предлог Закон изобилува со нелогичности, недоречености и многу непознаници и истиот мора апсолутно да биде предмет на широка јавна расправа, прецизно утврдување на секој детал од овој договор и секој денар кој треба да го платат граѓаните како камата. Во самиот закон постојат јасно видливи членови и елементи со кои се потврдува огромната корупција“, изјави претседателот на СДСМ.

Би сакале да посочиме неколку клучни точки од законот со кој се потврдува договорената корупција и бизнис со овие пари.

Најважно, ова задолжување e договорено уште кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, вонинституционално и во четири очи.

Како што тогаш бил договорен законот, надвор од сите процедури, така и сега Владата сака да го изгласа надвор од секаква дебата или анализа. Ова СДСМ го смета за скандал!

Затоа, информирам дека СДСМ кој ја води Комисијата за финансирање и буџет нема да го стави овој закон на расправа. Ја повикуваме власта да се вразуми, да го повлече Законот и да го стави во редовна процедура.

Да организираме јавна експертска дебата а законот да ги помине сите филтри. Да се прецизира секој аспект на задолжувањето, да се расчистат сите дилеми и да се гарантира дека граѓантие ќе бидат заштитени. Доколку ова не го направи ВМРО-ДПМНЕ тогаш јасно потврдува дека има сосема други скриени намери на кои предупрдувавме.

Еве му на Мицкоски шанса, да ја реалзира платформата која помпезно ја најави. Му подаваме рака во име на транспарентноста, правната држава, отчетноста, отвореноста. Вредности за кои тој вели дека се залага.

Еве му шанса да докаже дека сака заеднички да работи во интерес на граѓаните. Уште еднаш апелираме, срамно и недозволиво овој закон да се донесе во скратена постапка.

СДСМ бара да се искористат сите механизми на Собранието за јавна расправа по овој овој закон.

СДСМ бара да се свика јавна расправа на која ќе учествуваат експерти и стручната јавноста, за граѓаните да може да слушнат каков закон се планира и кои ќе бидат последиците од ова задолжување.

Ако го поминете законот вака, на чело ќе си ја напишете сами на себе корупцијата која ja правите. Немате оправдување за овој начин на носење на законот освен да ја скриете вистината и корупцијата која ja спремате“, изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK