Денес, на состанокот на Работниот комитет за Националната развојна стратегија 2024-2044, заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи ја потенцираше важноста на владеењето на правото како основа за демократско, одржливо и развиено општество.
„Владеењето на правото не е само принцип, туку тоа е темел врз кој се гради нашата иднина. Без независен, транспарентен и непристрасен правен систем, одржливиот развој е невозможен,“ изјави Фетаи.
Изрази загриженост за постојаните предизвици, како што се политичките интервенции во судскиот систем, одложувањата во судските случаи и недостатокот на ефикасност од страна на судиите и обвинителите. Тој нагласи дека последниот извештај на Европската комисија за нашата земја е јасен повик за итна акција.
Фетаи побара тесна соработка меѓу институциите, академската заедница и меѓународните партнери за справување со овие предизвици и за градење на доверлив и одржлив правен систем.
„Време е за храбри акции, за вистински и мерливи реформи. Нашиот успех зависи од нашата посветеност за изградба на држава каде што правдата и развојот одат рака под рака,“ заклучи Фетаи.