Експертските работни групи на Македонија и Бугарија на состанок: во фокусот реализацијата на Договорот за пријателство

Експертските-работни-групи-на-Македонија-и-Бугарија-на-состанок-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во Скопје, бил одржан состанок на експертските работни групи на Министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, соопшти МНР на официјалната страна.


Во текот на состанокот, двете страни заемно се информирале за текот на реализацијата на преземените ангажмани согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Протоколите од одржаните средби на Заедничката меѓувладина комисија согласно чл. 12 од Договорот.

Посебно внимание во разговорите, како што истакнуваат од МНР, било посветено на главните теми од билатералниот политички дијалог, активностите за унапредување на меѓуинституционалната соработка и комуникација во функција на зацврстување на меѓусебната доверба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK