Еко-свест: ТЕЦ Битола е најголемиот загадувач во Западен Балкан во 2022 година

eko-svest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Термоелектричната централа Битола (ТЕЦ Битола) e најголемиот загадувач со сулфур диоксид и честички прашина во целиот Западен Балкан во 2022 година. Емисиите од оџаците на ТЕЦ Битола се скоро дуплирани споредено со 2021 година, иако поради пожарот на трансформаторот во третиот блок тој беше вон употреба цела година и електраната работеше со намален капацитет, велат од невладината Еко-свест.

Нагласуваат дека според новиот извештај од CEE Bankwatch Network, „Усогласи или затвори – 2023“, битолската термоелектрана е убедливо најзагадувачки индустриски капацитет во земјите од Западен Балкан.


-Целиот регион е загрозен од неконтролирано загадување од електраните што работат на јаглен и веќе секоја година гледаме како големите електрани во Србија и Босна и Херцеговина рушат рекорди. Но, ваков огромен скок во емисиите како што има ТЕЦ Битола во 2022 година не сме забележале до сега. Последиците од ваквото загадување ќе бидат големи и за Битолскиот Регион, но и за целата земја и пошироко, изјави Давор Пехчевски од CEE Bankwatch Network.

РЕК Битола на крајот од минатата година распиша два огласи за вработување на вкупно 194 лица. Како што и претходно истакнавме, станува збор за природен процес на обновување на човечкиот потен

Со само првиот и вториот блок активни во текот на 2022 година, како што вели, електраната емитувала 111.408 тони сулфур диоксид во воздухот. Ова е количина што е 17 пати поголема од таа што е дозволена со Националниот план за намалување на емисиите, а истовремено и е повеќе од вкупните емисии што се дозволени за сите термоелектрани на јаглен во Западен Балкан. Емисиите на прашина исто така алармантно се зголемени и достигнале 3.899 тони, повеќе од три и пол пати од дозволеното за првиот и вториот блок на електраната. Ова е и најголемата количина на прашина емитувана од еден оџак на целиот Западен Балкан.

-Владата усвои амбициозни климатски и енергетски цели со кои се предвиде затворање на капацитетите на јаглен до 2027 година. Потребно е да се одржат роковите за исполнување на овие цели за да се испрати јасна порака до енергетскиот сектор, индустријата и граѓаните дека земјата доследно се придржува кон напуштање на фосилните горива, праведна транзиција кон обновливи извори и чисти технологии и грижа за здравјето на граѓаните, посочи Елена Николовска од Еко-свест.

Нагласи дека по пет години откако правилата за контрола на загадувањето влегоа во сила преку Спогодбата за Енергетската заедница, македонските електрани спротивно на обврските ги зголемуваат наместо да ги намалуваат емисиите. Секретаријатот на Енергетската заедница веќе има отворено случај против земјава поради непочитување на одредбите за намалување на емисиите.

-Со енергетската криза што донесе активирање на ТЕЦ Неготино и нетранспарентни набавки на јаглен со сомнителен квалитет, земјата се движи во обратна насока и само продолжува сериозно да ја загадува животната средина и да го загрозува здравјето на граѓаните, порачуваат од Еко-свест.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK