ДЗС: Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домовите во 2022/2023 во однос на претходната учебна година

dom_324543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во минатата учебна 2022/2023 година вкупно 5877 ученици и студенти биле сместени во домовите за ученици (основци и средношколци) и за студенти.

Како што е наведено во објавата на Државниот завод за статистика (ДЗС), тоа е зголемување за 6,5 проценти во однос на учебната 2021/2022 година.


Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 124 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти кои за време на школувањето се надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK