Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај за основниот буџет на државата за 2022 година.
– Врз основа на извршената ревизија утврдивме дека освен за комплетноста на дел од буџетските барања, за постапката на усогласување на буџетските барања помеѓу буџетските корисници и МФ, висината на одобрените средства за дел од буџетските корисници кои се законски утврдени, постапката на подготовка и донесување на Буџетот е спроведена во согласност со законската регулатива. Освен за дел од приходите и другите приливи и расходите и другите одливи, постапката на планирање и остварување на приходите и другите приливи и постапката на планирање и извршување на расходите и другите одливи, се во согласност со законската регулатива. Воспоставените контроли во трезорската сметка овозможуваат спречување или откривање на грешки на ИТ системите и евиденцијата на трезорската сметка, се наведува во резимето од извештајот.
Целиот извештај може да се најде на следниот линк .