Џафери: Застапеноста на Албанците во Армијата е на историски најниско ниво


talat.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост за сериозното влошување на состојбата со застапеноста на Албанците во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.


Поранешниот министер за одбрана и експретседател на Собранието, Талат Џафери обвини дека последните месеци се спроведува дискриминаторска политика при што Албанците се целосно исклучени од клучните позиции, а забележан е и процес на деградирање на искусните офицери.

„Од 10 директори во новата систематизација, ниту еден не е Албанец. Од 12 советници во Министерството за одбрана, само 1 е Албанец. Од 29 раководители на сектори во министерството, ниту еден не е Албанец.  Од 13 раководители на сектори во Генералштабот на Армијата, ниту еден не е Албанец. Од 30 команданти на баталјони, само 5 се Албанци. Албанските офицери со високи чинови и професионални квалификации се деградирани или отстранети од клучните позиции“, изјави Џафери.

Дополнително, според него, ситуацијата се влошила со запирање на унапредувањата на албанските офицери и подофицери, иако ги исполнуваат критериумите, систематско исклучување на Албанците од програмите за воена едукација во странство, зголемување на говорот на омраза и националистичката реторика, како што боч случајот со Културно-уметничкото друштво „Бајрам Шабани“ во касарната во Куманово.

Објви и дека ДУИ бара прекин на систематската дискриминација и враќање на правичната застапеност на Албанците на сите нивоа, деполитизација на Армијата и Министерството за одбрана, со стопирање на партиските назначувања, гарантирање на правата и достоинството на албанските воени лица, вклучувајќи еднакви можности за едукација и унапредување.

Според опозициската партија, актуелната состојба е неприфатлива и спротивна на принципите на еднаквост и евроатлантска интеграција на земјата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK