Џафери за католички Божиќ: Сите имаме потреба од зрак на надеж, да дозволиме да излезе од нас најдоброто

talat-dzaferi.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Честитка од претседателот на Собранието, Талат Џафери:


Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да упатам честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ до сите граѓани католички верници кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар.

Оваа година, беше тешка година, со сите тажни вести кои ни доаѓаа од сите страни и сите имаме потреба од зрак на надеж и зрак на позитивизам во нашето секојдневие и во нашите животи. Радоста што ја носи Божиќниот празник, неговата моќ на сплотување на семејствата, на соседите, пријателите и соработниците во животот е уште една прилика за сите нас да дозволиме да излезе од нас најдоброто, хуманото и благородното. Можеби сами сме премногу неважни и слаби за да направиме некакво значајно влијание меѓутоа, заедно сме посилни од сѐ! Затоа, да споделуваме убави зборови на надеж и верба во подобро утре, дури и кога се чини дека тоа е безнадежно. Понекогаш е доволен и само еден збор, само една насмевка и подадена рака за поддршка и емпатија. Доволно е да се всади чувство на грижа, совесност, солидарност кон другите почнувајќи од нашите семејства, па во општеството.

Почитувани граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам празникот и да Ви посакам празничните денови да ги поминете во мир и спокој во душата, во добро здравје и семејна благосостојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK