Џафери- Јаќимовиќ: Блиски односи и соработка во функција на градење побезбедна и попросперитетна иднина за двете земји

11032024_PVRSM_XHAFERI-JAKIMOVIC-SREDBA-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.


На средбата беа потврдени блиските односи и севкупната развиена соработка меѓу двете земји.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните политички состојби во двете држави, при што Џафери го реафирмираше интересот на Северна Македонија за стабилност, развој и просперитет на Босна и Херцеговина, како и заеднички успех во процесот на европската интеграција на двете земји и на регионот во целина.

Јаќимовиќ ја искористи можноста и да му честита за изборот за претседател на Владата на Џафери и воедно изрази надеж дека досегашната плодна соработка со него како претседател на Собранието, ќе продолжи со ист интензитет и во новата функција, а во насока на натамошно развивање на билатералните односи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK