Две лица со „мерцедес“ се заглавиле во снег кај Галичица, спасителската акција е завршена комплетно и успешно

Две-лица-со-„мерцедес-се-заглавиле-во-снег-кај-Галичица.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид известува дека во 12:56 часот, од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е забранет за сообраќај.


Од ЦУК, веднаш беше информирана Единицата за спасување на планина од Охрид. Во оптимално брзо време беа лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, вклучувајќи го и возилото марка „мерцедес“ .

„Aкцијата е завршена на 14:15 часот, комплетно и успешно“, велат од ЦУК.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK