Денеска двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваа во реонот на селата Мокрени, Габровник и Селце. Кракот од пожарот кој што претставуваше опасност за селата е локализиран и ставен под контрола со помош на службите на терен од Армијата. Хеликоптерот Бел 412 во 18 циклуси исфрли 27 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 23 циклуси исфрли 57,5 тони вода.