Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на Боскалто ди Лорегија, Италија.
Како што јавуваат италијанските медиуми, се работи за Фуат Етемовски (65) и Бајрам Бајрамоски (52) кои живееле со децении во Италија и биле работници во фабрика, кои се враќале со своето комбе дома по напорниот работен ден.
Фаталната несреќа се случила во 19 часот во вторникот на 25 март. Третиот учесник во несреќата е тешко повреден, и според информациите, станува збор за државјанин на БиХ.