Според сајтот за следење летови „Флајтрадар24“, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.
Снимка од веб-страницата за следење летови Флајтрадар24, сугерира дека авионите ќе се судреле над скопско Миладиновци.
Агенцијата за цивилно воздухопловство(АЦВ) утринава потврди дека постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнатиот судир над Скопје.