Активни се два шумски пожара за кои Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека е побарана е воздушна подршка за нивно гаснење.
Првиот пожар е на територијата на Општина Штип, во атарот на с. Пиперово, а вториот на територијата на општина Зелениково, во атарот на с. Гумалево.
Еден полициски хеликоптер и еден Ер трактор на ДЗС се подготвуваат за полетување.