ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

thumbnail_WhatsApp-Image-2024-04-18-at-12.09.46.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се случувало ако победат на  парламентарните избори и ако Бујар Османи биде избран за претседател на државата.


Симулативната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрво избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз, а како прва точка на дневен ред ја предложи верификација на мандатите на пратениците и втора точка избор на претседател на Собранието.

Зиадин Села на симулативната седница беше избран за претседател на Собранието, а трета точка на дневниот ред, беа предложени уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот, преку измена на уставот со гласање на 120 пратеници.

Четврта точка на дневниот ред беше за време на симулацијата беше Свечената декларација на Бујар Османи, како претседател на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK