ДУИ против предложениот закон за измени во средното образование во кој се предвидува интонирање на химната

srednoskolci.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува поминувањето на понатамошна фаза на Предлог-законот за измени во средното образование, кој според нив, наметнува моноетнички решенија и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот.


Според ДУИ овој закон е чекор назад и неприфатлив за една мултиетничка држава како што е Северна Македонија.

„Уште посрамно е однесувањето на коалицијата ВРЕДИ. Со тоа што не гласаа, тие молчеа и практично дадоа поддршка за овој закон. Помеѓу стравот од гневот на народот кој толку многу го понижија и стравот од нивните падрони од ВМРО-ДПМНЕ, тие останаа парализирани. ДУИ ги поддржува активностите на Фронтот за блокирање на овој закон“, велат од партијата.

Со предложениот закон за средното образование, се предвидува интонирање на македонската химна на значајни настани и датуми. Инаку во предложениот закон средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано, овозможувајќи образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование. Со новиот закон се воведува и нова концепција за испити на крајот на средното образование.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK