ДУИ: Потсетуваме на историското значење на одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе утре

ustaven-sednica2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската Унија за Интеграција потсетува на историското значење на одлуката што Уставниот суд треба да ја донесе утре. Оваа одлука е од суштинско значење за заштита на Законот за употреба на јазиците, како основен столб на еднаквоста и правдата во нашето мултиетничка држава, и за зачувување на принципите на Охридскиот договор, соопшти ДУИ.


„ДУИ останува посветена на заштитата на овие вредности и ќе продолжи со својот ангажман без отстапки, независно од предизвиците или други теми што можат да се појават. Прашањата што ги засегаат правата и благосостојбата на граѓаните се над секој друг обид и бараат целосна посветеност и непрекинат фокус.

Ги повикуваме сите граѓани и институции да ја поддржат заштитата на овие достигнувања, без да дозволат напорите за правда и еднаквост да бидат нарушени“; се наведува во соопштението на ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK