ДУИ: Од 34 универзитетски клиники, само три ги водат албански медицински директори, „ВРЕДИ“ уништува се што беше постигнато во здравството

48405c71-dae2-4a58-9551-33e62121ef5c.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше постигнато во здравството, оцебуваат од ДУИ.


Додаваат дека од самиот почеток на работа на оваа влада, со длабока загриженост ги набљудуваат промените кои се случуваат во здравствениот сектор, имплементирани од ВЛЕН.

Според ДУИ, во отсуство на легитимитет тие се принудени да го прифатат понижувањето и во исто време да ги прекршат правата на еден цел народ.

„Со многу напорна работа и голема пожртвуваност успеавме да создадеме здравствени кадри од сите профили (медицински техничар, медицински сестри, доктори специјалисти, доктори на науки, универзитетски професори), од трудот на Албанците тие најдоа здравство со застапеност на сите нивоа, раководители на многу здравствени институции, кадри докажани меѓународно.
Албанците раководеа со над 50 здравствени институции, додека кога ВРЕДИ влезе во Влада, без легитимитет од народот и кои без двоумење ги демолираа и продолжуват да го демолират се што беше постигнато“, истакнуваат од партијата на Ахмети.

Денес, како што додаваат, после повеќе од 100 дена нелегитимна влада, во Клиничкиот центар “Мајка Тереза” – Скопје од 34 Универзитетски клиники, само 3 клиники ги водат албански медицински директори. Со тоа, сметаат од ДУИ, се омаловажени над 100 албански специјалисти докажани во нивниот професионален ангажман како во давање услуги во здравствената заштита така и во едукација на нови кадри. Тоа, според нив, се кадри докажани на меѓународно поле со научни трудови, имплементација на нови методи во различни области на медицината.

„Денес овие професионалци не го заслужуваат ова деградирање и омаловажување за овие 100 дена Влада.
Кога нашите соседни земји ќе се отворат за имплементација на иновативни технологии, роботска технологија, вештачка интелегенција, ние се соочуваме со деалбанизација на здравствените установи за 100 дена владеење.
Денес сите Универзитетски клиники во состав на ТОАРИЛУЦ се предводени од македонски кадар, 1 медицински директор и 4 македонски клинички директори. Денес ФЗОРСМ за прв пат е предводен од 2 македонски директори, знаејќи ја важноста на оваа институција, институција која го составува буџетот за сите здравствени установи, институција од која целото население добива услуги, во овие 100 дена се промени во сите нивоа: Од 3 директори на албански сектор, денес само 1 директор на албански сектор“.

Предлагаме итно министерот Таравари да ја повлече одлуката за прекин на сите конкурси објавени за вработување на 1117 здравствени работници, одлука која беше одобрена од претходната Влада, исто така промовирана како големо достигнување на поранешниот министер за здравство Ф. Меџити, напоменуваат од оваа партија.

Предлагаат и со „заштедените“ средства од разрешувањето на организационите директори да се предвидат вработувања на сите приватни специјалисти.

„Предлагаме да се ​​почитува Колективниот договор за зголемување на платите. Предлагаме министерот за здравство да биде ажуриран со информации за стратешките програми, стратешките планови за постојното здравство кои се одобрени и од европските комисии. Да не се формираат непотребни комисии за залажување и замолчување на незадоволните гласови“, велат од ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK