„Демократската унија за интеграција со изненадување и неверување ја следи дебатата и кампањата против законот за игрите на среќа, како и кампањата во одбрана на монополот.
На кого му пречи и кој го блокира веќе две години законот за игри на среќа со кој:
– обложувалниците и казината се оддалечувват на 500 метри од нашите деца и училишта
– се заштитуваат и спречуваат малолетниците од учество во игрите на среќа
– се зголемуваат приходите во буџетот, преку зголемување на даноците и цената на лиценците, со што се помагаат културата, спортот, медиумите.
Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија „пријавена“ добивка е просечно 15 милиони евра годишно?
Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на законот во корист на казината?
Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат.
Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието.
Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на сплотеност на политиката со криминалот и камуфлираните.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво, нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!
Нема да не спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“.
Соопштение на ДУИ