ДУИ: Меѓународен ветинг за неселективна правда

dui-stab.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската Унија за Интеграција смета дека напорите за воспоставување неселективна правда, се до ден денес, поттфрлиле.



„Сето политичко интерферирање не донесе до 2% доверба на судството поради партискиот притисок во сите години од независноста, од страна на македонските политички партии, кој што продолжува и денес со цел воспоставување селективна правда по партиски терк.

Затоа, поради сите поттфрлања и недоверба, крајно време е да се воспостави меѓународно мониториран ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во сите 32 години од независноста“, соопшти ДУИ.

Тие ги повикаа политичките партии „да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање“.

„Заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес“, додаваат од ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK