Премиерот ги злоупотребува државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата, реагира ДУИ, по денешната изјава на Мицкоски дека ексфунционери од оваа партија намерно создаваат етнички тензии поради сомнежите за големи криминални активности.
Од ДУИ велат се работи за техники на политички закани и прогон , користени во најмрачните периоди на комунизмот кои нема да успеат.
Партијата додава и дека нивната загриженост за албанскиот јазик е реална и базирана на факти, и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии.