ДУИ бара истрага за имотот и капиталот на директорот на НОМАГАС, Недим Рама


dui.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократска унија за интеграција денеска објави нови информации поврзани со директорот на НОМАГАС, Недим Рама, оценувајќи дека случајот отвора сериозни прашања за потеклото на капиталот и имотот. Соопштението интегрално го објави МИА.


Од ДУИ посочуваат дека компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје е во сопственост на Недим Рама и, како што наведуваат, партискиот донатор на ВЛЕН, Анид Шазивари. Според партијата, фирмата е регистрирана за изнајмување автомобили и се наоѓа на официјалната листа на рент-а-кар компании на Меѓународниот аеродром Скопје.

Во соопштението се поставува прашањето со колкав капитал и од кои извори се обезбедени средствата за набавка на возилата, како и колкава е нивната вредност.

ДУИ тврди и дека преку истата деловна структура се издаваат луксузни апартмани во Маврово, а по увид во катастарските податоци, според нив, два апартмани се поврзани со Недим Рама – едниот во негова лична сопственост, а вториот во сопственост на компанијата ЛИНЕ ЛТД ДОО Скопје.

Во еден од имотните листови, како што наведуваат од партијата, како сосопственик се појавува и Лирим Хајредини со идеален удел од една половина заедно со Недим Рама.

Од ДУИ прашуваат како е можно државен функционер да располага со капитал за возен парк за рент-а-кар компанија и недвижности со висока вредност, како и дали зад, како што велат, брзиот раст на капиталот стои поширока политичко-бизнис мрежа блиска до Изет Меџити.

Партијата ги повика Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата да извршат детална проверка на потеклото на капиталот, финансиските текови и целокупната имотна состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK