ДПМНЕ е неспособно и плати да исплати, 988 вработени во инспекторатите се без плата, велат од СДСМ

Од-март-поголема-минимална-плата-од-22500-денари-велат-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според СДСМ, власта на ДПМНЕ е нспособна ниту постојните плати за вработените во јавниот сектор да ги исплати.


988 вработени во инспекторатите, како што велат, ги оставија без плата токму за празниците само затоа што Министерството за финансии не си ги исполни своите обврски.

Како што оценуваат во опозициската партија, речиси илјада вработени во сите инспекторати во државата се уште не зеле плата за декември, иако вчера истече и последниот законски рок.

„Власта на ДПМНЕ и на Мицкоски е неспособна и воопшто не им е грижа за работниците, тие се грижат само за елитата и своите бизнис партнери“, посочуваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK