Дождовите не го намалија бројот на пожари на отворено

pozar-zajas.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„И покрај падот на температурата за околу 15 степени и дождовите што заврнаа, бројот на пожари и интервенции на отворен простор воопшто не се намалени. За жал се уште сме сведоци на неодговорно и несовесно однесување на група граѓани“, информираа денеска од ТППЕ Струмица, откако во изминатите три денови гаснеа четири пожари на отворено.


Како што информираа струмичките пожарникари, утрово во 05:20 часот на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“ била запалена помошна просторија.

Спречено е ширење на пожарот на куќата и поголема материјална штета, а денеска во 13:00 часот во атарот на село Вељуса била запалена нискостеблеста шума и сува трева.

Запалена била и нискостеблеста шума и сува трева во атарот на село Рич и нискостеблеста и борова шума во близина на браната „Водоча“. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK