До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 километри на час). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 литри на метар квадратен), информираат од УХМР.
Во Скопје, до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.