Донација од 11.000 вакцини против Ковид-19 стигнуваат за десетина дена, 213 нови позитивни регистрирани изминатава недела

Taravari-Kovid.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вакцини за заштита од Ковид – 19 ќе стигнат за десетина дена иако една од главните препораки на Комисијата за заштита од заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат за да се заштитат. Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека покрај донацијата, во земјава ќе стигнат и вакцини договорени со Европската комисија.


„Наскоро доаѓа една донација од 11.000 вакцини против Ковид кои треба да пристигнат следните десет дена се надевам. За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации тоа е во финална фаза и наскоро сите европски држави ќе бидат снабдени па и Македонија со вакцини за инфлуенца и за Ковид – 19“, рече министерот Таравари.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 19 до 25 август регистрираше 213 нови случаи на заразени со коронавирус, односно регистрираше намалување за 21,4% на бројот на новозаразени во споредба со претходната недела кога беа регистрирани 271 нов позитивен случај на заразени со Ковид – 19 и Комисијата за заштита од заразни болести препорача да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовна хигиена, избегнување контакт со болни и укажа дека вакцинацијата е најефикасен начин за заштита.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK